Расте задолжувањето на државата

Loading...

Во првите шест месеци годинава јавниот долг на земјава изнесува 47,7  отсто од друто домашниот производ (БДП).

Во истиот период лани задолжувањето изнесуваше 46,1 отсто од БДП, пренесува „Сител“.

Ова значи дека во првото полугодие од 2018-та, споредено со истото од 2017-та година, Македонија е задолжена за 431 милион евра повеќе.

Државниот долг, пак, во периодот јануари – јуни годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 415 милиони евра, односно ако лани процентуално изнесуваше 38 отсто, годинава изнесува 39,9 од проектираниот БДП.

Оставете Коментар