Растот на економијата преполовен

Ништо од ветениот пораст на економијата од 3,2 отсто колку што се најавуваше за оваа година.

Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај ги намали проекциите за пораст на економијата за само 1,6 проценти.

Ова е второ намалување годинава,откако во јуни проекциите за очекуваниот раст беа 2,8. Првичните проекции беа дека македонската економија ќе порасне за 3,2 насто.

Надолна корекција на растот веќе направи и Светска банка.

Сепак, премиерот останува оптимист.

„Меѓуанродните институции кога се јавуваат ретроградни процеси, се песимистички ориентирани и така ги кажуваат своите коментари. Остануваме на проектите од 3,2%“ – рече премиерот Зоран Заев.

Според ММФ и Светска банка на Балканот највисок раст на економијата ќе имаат Србија, Албанија и Косово со 4 насто.

Во првите три месеци БДП „скокна“ за 0,1 проценти

 

Оставете Коментар