Разбојници со бугарски автомобил украле 1,5 милиони евра среде Рим

Loading...

Четворица засега неидентификувани крадци денеска извршиле кражба на 1,5 милиони евра од службен автомобил што пренесувал пари во Рим.

Маскираните разбојници излегле од автомобил со бугарски регистарски таблички на фреквентна улица во главниот град на Италија, пред очите на десетици возачи.

Бандитите со пушки го блокирале автомобилот што пристигнал пред супермаркет за да го преземе неделниот пазар, а притоа еден од маскираните им се заканил со рачна граната на вработените, пренесуваат бугарски медиуми.

Сè уште не е јасно дали бандитите се Бугари.