Разговорите за името „Македонија“ губат здив

Атински „Катимерини“ констатира дека и покрај оптимизмот во почетокот на годината дека договорот за името е на дофат, разговорите губат на интензитет: Министрите Никос Коѕијас и Никола Димитров во Охрид се договориле „за сите периферни прашања“, но останува голем јаз за главните: Уставот и опсегот на новото име.

Во анализата се потсетува дека премиерот Зоран Заев во неделата изјави дека Скопје, најверојатно, нема да се согласи со барањата на Грција за промени во уставот и за ново име што ќе се користи во сите случаи, и за домашна и меѓународна употреба.

Скопје не сака да ги менува ни деловите од уставот кои се однесуваат на „македонскиот“ јазик и идентитет, кој Грција не ги признава.

Авторот на анализата вели дека е индикативно што следниот состанок меѓу Коѕцијас и Димитров ќе се одржи за речиси три недели. Временскиот период значително се разликува од трите претходни средби меѓу Коциас и Димитров во Скопје, Охрид и Виена кои се одржуваа во рок од 20 дена.

Бавниот напредок, исто така, објаснува зошто првичната цел за завршување на разговорите до крајот на март не беше исполнета иако од Скопје постојано ја искажуваат желба за постигнување договор порано, а не подоцна, за да може да одржат референдум пред самитот на НАТО во јули и да го забрзаат нејзиното пристапување во Алијансата.

SHARE

Comments are closed.