Реакција на најавата од Шилегов: Винтерленд си е таман ко за Северна

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на свој начин ја коментира најавата од скопскиот градоначалник Петре Шилегов за поставување новогодишна населба на плоштадот „Македонија“.

„Па, што се буните? Винтерленд си е таман ко за Северна (да не сакате Самерленд да ви направи), а 250.000 евра се помалку од цената за која е шитната Република Македонија“, прокоментира професорката на својот профил на „Фејсбук“.

SHARE

Оставете Коментар