Реакција од ГСОЛ: Тужбата од „Кунико“ за ФЕНИ е оркестиран напад против вистината

„Злонамерната и клеветничка тужба пред холандските судови е оркестриран напад да се дефокусира јавното мислење и извртување на вистината“, се вели во реакцијата на компанијата која менаџира со „ФЕНИ индустри“ во врска со информацијата според која девет фирми и четири компании биле дел од нелегални активности кои ги координирал вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Од таму се додава дека ГСОЛ е меѓународен независен фонд со десетгодишна историја и преку 2.000 вработени на полето на индустријата со никел и други метали и рударство.

„ГСОЛ и неговиот подружник ‘ЕуроНикел’ инвестираа над 70 милиони евра во последните шест месеци за да го спасат ФЕНИ од банкрот и од затворање, сето тоа направено со најголемо ниво на транспарентност и отвореност и од интерес за сите актери, со специјален фокус на работниците и на доверителите“, се вели во реакцијата на компанијата против која е поднесена тужба пред судот во Амстердам.

„’Кунико’ ја доведе ФЕНИ до вознемирувачка ситуација и акциите на менаџментот се истражуваат за криминал од страна на холандските и македонските власти, според телевизиските и прес извештаите“, пишува во реакцијата на ГСОЛ.

Оригиналниот текст за кој реагира ГСОЛ на следниот линк