Речиси милион евра за референдумот од Министерство за одбрана

Министерство за одбрана ќе издвои речиси 60 милиони денари за кампањата за претстојниот референдум за договорот Заев-Ципрас, најави министерката Радмила Шекеринска.

„Министерството за одбрана е едно од тие кои најмногу треба да бидат заинтересирани за нашиот стратешки приоритет и од нашиот сектор за финансии испративме информација дека на располагање ставаме нешто помалку од 60 милиони денари, кои беа планирани за слични активности, но кои сметаме дека е подобро да ги искористи Собранието, а не ние поединечно“, изјави Шекеринска на денешниот Отворен ден на АРМ по повод Денот на Армијата.

 

SHARE