Референдумот го засени болното прашање: Доаѓаат ли во Македонија илјадници мигранти?

На самитот во Софија кој се одржа пред неколку недели во главниот град на соседна Бугарија лидерите на ЕУ разговарале за отворање на бегалски кампови на Балканот, го пренесуваат францускиот весник Le Mond повеќе македонски портали.

На самитот присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев, но сепак во фокусот на македонските медиуми беше прашањето за името, па така останатите теми на самитот останаа речиси не забележани, појаснува Ле Монд.

Целта на мигрантските кампови кои би биле изградени на Балканот и во Македонија би била, спречување на бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Европската Унија. Ваквиот предлог според францускиот медиум потекнува од Данска и Австрија. Имено ова не е прв обид да се протурка идејата за изградба на мигрантски кампови надвор од земјите членки на ЕУ.

Во изминативе години и повеќе европски политичари ни укажуваа на „неопходноста“ од изградба на капацитети во Македонија кои, „би ги подобриле условите за живот на транзитните мигранти“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак во повеќе наврати пред локалните избори предупредуваше дека постои можност и идеја за изградба на мигрантски кампови на територија на Македонија. Граѓаните во огромен број се против изградбата на вакви кампови на територија на Македонија и во повеќе наврати, во многу градови низ земјата се самоорганизираа и собираа потписи за да се спречи изградбата на мигрантски кампови.

Владата на СДСМ минатата година донесе и стратегија за интеграција на бегалци и странци во Македонија од 2017 до 2027 година. Документот предвидуваше населување на мигранти на кои ќе им бидат давани државјанства, вработувања, бесплатно здравство и школство, како и домување кое ќе биде обезбедно од држвата.

SHARE

Comments are closed.