Референдумот не бил услов за преспанскиот, вели Коѕијас

Референдумот не е правен предуслов за склучувањето на договорот за името со Грција изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во понеделникот вечерта, по малиот одѕив од помалку од 50 проценти.

Договорот не се смета за ништовен, ијавил Коѕијас, премолчено реагирајќи на коментарите на владиниот партнер Панос Каменос и другите кои се противат на договорот.

Министерот за надворешни работи изрази уверување дека договоротќе биде ратификуван од парламентот во Скопје во следните неколку месеци, а потоа и од пратениците во Грција, „дефинитивно до март“, пренесе Катимерини.

„Ние сме демократска влада со разновидност на мислења. Каменос има поинакво мислење за договорот“, рече Коѕијас напоменувајќи дека „надворешната политика ја спроведуваат премиерот и министерот за надворешни работи. Никој друг не е одговорен“.

SHARE