Референдумот во Македонија – аларм за ЕУ

Резултатите од референдумот во Македонија треба да го вклучи „алармот за тревога и последно предупредување“ во Брисел и кај сите оние кои одлучуваат во ЕУ, смета Председателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

„ЕУ мора многу посериозно да се посвети на проширувањето на Западен Балкан и да повлече поодлучни стратешки чекори. Стабилноста на европскиот континент ја зацврстува стратегијата на интеграција, а не стопирањето и кочењето на процесот на влез на Западен Балкан во ЕУ“, смета Ѓукановиќ.

„Збрката и неизвесноста која доаѓа од ЕУ, ги храни илузиите на секогаш активните носители на назадната политика во регионот, а кои и натаму сонуваат за прекројување на целиот регион“, вели тој.

Ѓукановиќ заклучи дека резултатите од референдумот во Македонија најдобро сведочат за таквата состојба, додавајќи дека „децениската запуштеност на овој проблем не можеше да се надополни со интензивната поддршка на странските сили во последниве месеци“.

SHARE

Comments are closed.