Референдумот во Македонија ја решава судбината на Ципрас!?

Резултатот од референдумот во поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) за договорот за името постигнат со Грција би можел да го означи крајот на премиерот на Алексис Ципрас, доколку помалиот коалициски партнер на СИРИЗА, Независни Грци (АНЕЛ), ја отфрли поддршката на владата , објави германскиот весник „Ханделсблат“ , како што пренесува „Катимерини“.

Според весникот, Запад очекува крајот на спорот за името околу ПЈРМ да го стабилизира регионот, но едно лице може да се сопне на договорот – шефот на грчката влада.

Во недела гласачите во пјРМ ќе одлучат дали да го променат името на нивната земја во Северна Македонија, како што е предвидено о договорот потпишан помеѓу Атина и Скопје во јуни.

Но, иако Ципрас доби многу пофалби од неговите партнери од ЕУ и од НАТО за решавање на прашањето на „Македонија“ по речиси три децении, дома изобилува од проблеми, констатира германскиот весник.

Според едно грчко истражување, 68 отсто од испитаниците го отфрлаат договорот, при што многу Грци целосно ја отфрлаат употребата на зборот Македонија во името на БЈРМ.

Освен конзервативната опозициска партија Нова демократија, прашањето, исто така, е причина за поделби во владиниот сојуз. Коалициониот партнер на Ципрас, десничарот Панос Каменос, вети дека не само што ќе гласа против договорот кога ќе стигне до грчкиот парламент, туку и ќе излезе од коалицијата.

Ова би можело да значи дека прашањето „Македонија“ ќе го принуди Ципрас да свика предвремени избори кои, со оглед на тековните анкети, може да изгуб, заклучува весникот као што пренесува „Катимерини“.

SHARE

Comments are closed.