Ременска ги обвини МВР и УБК за пропуст при бегството на Груевски

Пратеничката на СДСМ Фросина Ременска се уште чека одговор зошто и како експремиерот Никола Груевски успеал да избега од земјава во Унгарија иако беше правосилно осуден.

Во дебатната емисија Анализа на 24 Вести таа пред генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев запрашана дали власта му помогнала на Груевски да избега изјави дека институциите направиле пропуст при бегството на експремиерот.

Според законот одговорни институции за вакви случаи се МВР на чело со Оливер Спасовски и УБК.

На висока позиција во МВР е и сопругот на Ременска, Јовче.

Линк до видеото

https://twitter.com/Inspiracija9/status/1068253314293399552?s=19