Репрезентативци боксери ја бојкотирале македонската химна

Вчера на првиот ден од меѓународниот боксерски турнир Златен Гонг се случил непријатен инцидент откриваат присутни.

“При интонирање на македонската химна, единствени кои не станаа да одадат почит беа македонските репрезентативци од албанска националност”, открива сведок на настанот.

Македонија на 48. меѓународен турнир учествува со осум боксери. Заедно со селекторот Чурлиновски, работат и тренерите Владимир Цекиќ и Скендер Јахиу. Турнирот се одржува во Скопје, во малата сала во СЦ „Борис Трајковски”.

Организатори се Боксерската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Македонија преку Владата на Република Македонија, во соорганизација со Градоначалникот и Советот на град Скопје, Сојузот на Спортските федерации на Македонија од 8-11 ноември 2018 година.

Турнирот се одржува по повод одбележувањето на Празникот „Ослободување на Град Скопје – 13 Ноември”, ќе го организираат Традиционалниот 48-ми Меѓународен турнир „Златен Гонг” 2018.

Боите на Македонија на турнирот ги бранат

-52 кг. Џан Демиров, -60 кг. Јасин Лама, -64 кг. Денис Муаремовски, -64 кг. Алим Насуфи, -69 кг. Гоце Јанески, -69 кг. Љулзим Исмаили, -75 кг. Октај Фератов, и -81 кг. Арсим Етеми

Боксерската федерација не реагираше на инцидентот.

SHARE

Оставете Коментар