Режисерот Дарко Митревски за договорот: Среќен пат, нема да се сретнеме (ВИДЕО)

Авторот на антологиската реплика од филмот Трето Полувреме со порака по објавувањето на договорот за името со Грција.

Дарко Митревски кој десетина години живее во Лос Анџелес вели дека тој нема да биде на истиот пат по кој одат тие што националниот пираз го прикажуваат како победа.

“Пред 6 години оваа реченица им бодеше очи и против неа пењавеа многумина кои изминативе два дена националниот пораз се обидуваат да го протолкуваат како победа. Како и да е, нека ви е честита светлата иднина во која нема да се сретнеме. Нај, нај, најискрено: со среќа на тој пат!”, пишува Митревски кој ја напиша и приказната за филмот.

Честитката од Америка е спакувана во добро познатата сцена од филмот.

Еден од најдобрите македонски филмови на сите времиња се соочува да биде ставен во бункер по договорот за пријателство со Бугарија затоа што во него се зборува за бугарската фашистичка власт во втората светска војна.

Comments are closed.