Омилената резиденцијата на поранешниот претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито, на хрватскиот остров на Ванга,  38 години по неговата смртќе биде отворена за туристи.

Според „Јутарњи лист“, проблемот е што се уште не се договорени условите под кои туристите ќе го посетуваат островот кој досега бил заштитен објект за посетата, за што се барала специјална дозвола.

„Ние дадовме предлог, а конечната одлука треба да биде донесена од страна на Владата“вели Марно Милоиќ, директор на Националниот парк.

„Јутарњи лист“ пишува дека на Ванга, инаку, времето како да застанало, сè е како во времето на Тито, сочуван е целиот инвентар што го користел Јосип Броз кој поминувал по шест месеци годишно на Островот каде примал високи гости од целиот свет.