RIP Елена Мисиркова – Лоза, замина правнуката на Крсте Мисирков

Македонија остана без пијанистката од светски глас Елена Мисиркова.

По тешка болест почина почина внуката на Крсте Петков Мисирков. Македонија освен по своето семејно потекло и блескавата кариера како врвен музичар ќе ја запамети и по нејзините јавни настапи како бранител на македонскиот идентитет.

Мисиркова беше еден од лидерите на движењето „За заедничка македонија“, таа беше меѓу луѓето кои што седумдесетина дена протестираа во Скопје пред настаните на 27 април.

Родена е во Скопје, предавала на Факултетот за музички уметности при Кирил и Методиј, настапувала на низа светски музички сцени а од 1989 година живее во Виена каде што беше амабасадор на македонската култура во Австрија.

1 Коментар

Comments are closed.