RIP: Тасе Сеизов

Утринава почина Тасе Сеизов, истакнат македонски телевизиски работник.

Сеизов најголемиот дел од работниот век го минал во Македонската Радио Телевизија каде што во неколку наврати беше одговорен за воведување на нови технологии.

Поради високото ниво на познавање на телевизиската технологија и желбата да го пренесе на своите помлади колеги Сеизов е меѓу најпочитуваните телевизиски работници во Македонија.

“Беше понеделник! После долга и тешка ноќ, сабајлето, за последен пат те гушнав! Твојата прегратка се уште ми стои, да ме потсети на едно безгрижно детсво, на едно бурно тинејџерство, на едно исклучително другарство во професионалниот развој и на една голема празнина во времево сегашно – идно! РИП ТАТО!”, напиша на Фејсбук денеска на својот Фејсбук профил неговиот син Димитар Сеизов.

“Огромна загуба за тебе, но многу голема и за сите телевизии во земјава. Таков професионалец е реткост. Овие луѓе коишто направиле многу “меѓу редови” треба да се споменуваат”, пишува во својот последен поздрав до Тасе Сеизов новинарката Бранка Костиќ Марковиќ.