РИП Влатко Илиевски: Почина младиот македонски рокер

Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, дознава Press24.

Според информациите Илиевски бил најден во мотроно возило марка Тојота на Булеварот Трета Македонска бригада.

Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.

Нема информации кои се причините за смртта.

Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.

Роден е на втори јули 1985 година во Скопје, завршил Академија за драмски уметности. Беше член на групата Морал а во 2011 година ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Русинка.

Оставете Коментар