Роднина го убил тричленото семејство во Дебар

Се уште не е пронајден извршителот на грозоморното убиство на три члена на едно семејство пронајдени синоќа во семејниот дом во Дебар, а Алсат М повикувајќи се на свои извори од местото на настанот пренесува дека убиството го извршил роднина на семејството Поцеста, а како причина се наведува семејна расправија за имот односно за пат што поминувал покрај нивната куќа.

Од полицијата не потврдуваат кој го извршил убиството, а осомничениот бил во бегство, пренесува Алсат М.

Жртви на грозоморно убиство се сопружниците Поцеста. 53 годишната Назмије и 54 годишниот Амит како и нивната малолетна ќерка 14 годишната Анила.

„За среќа во целата трагедија е што останатите две деца во моментот на убиството не биле во нивната семејна куќа која се наоѓа на улицата 1 мај во Дебар“ дознава Алсат М.

Телата на убиените ги пронашле нивни роднини. Мајката и таткото во спалната соба додека телото на 14 годишното девојче во детската соба.

 

Оставете Коментар