Ројтерс: Ципрас се коцка со Македонија

Loading...

Грчкиот премиер Ципрас се коцка на големо во обидот да најде решение за децении стариот проблем со името што може да му се врати негативно на изборите кај гласачите уморни од неговите мерки за штедење.

Ова во специјална анализа за Ципрас и името го пишува водечката светска агенција Ројтерс.

На 15 месеци пред изборите и покрај големата предност на опозицијата, Ципрас би можел да оди таму каде што ниту еден негов предходник не влегол, лично да ги обнови напорите за решението на спорот ао Македонија.

“Тој е одлучен да го реши проблемот” вели за Ројтерс висок владин претставник во Атина.

“Ако се постигне договор, тоа ќе биде бонус за него и тој ќе може да рече: „Јас ве извадив од кризниот пакет, го решив прашањето со Скопје“ и та тој начин ќе може да компензира и за други загуби“ вели официјален претставник од неговата партија СИРИЗА за Ројтерс кој сакаже да остане анонимен.

Сепак, политичките аналитичари велат дека тоа би претставувало голем ризик за Ципрас, чија партија Сириза веќе се соочува со слаба поддршка поради суровите фискални реформи, рекордната невработеност и намалувањето на пензиите поради што една третина од Грците живеат во сиромаштија.

Костас Ифантис, вонреден професор по меѓународни односи на Универзитетот Пантеон во Атина, вели дека токму на порашањето на името,меѓу Грците постои нулта толеранција бидејќи „Тоа е прашање кое вклучува историја и симболи, и … компромисот е многу тежок“, бидејќи повеќето грчки политички партии отфрлаат секакво споменување на зборот „Македонија“ во некое идно можно име.

Меѓу нив и коалициониот партнер на Ципрас, Независни Грци и главната опозициска партија Неа демократија на Кирјакос Мицотакис, која има шанси да освои најголем број гласови на изборите во 2019 година.

Интересно, во анализата се турка тезата на некои аналитичари, дека дипломатската иницијатива на Ципрас околу името имала за цел да се ослабне опозициската партија.

„Тоа е коцка која не беше преземена со цел да се затвори отворен дипломатски проблем што ја загрозува земјата, туку  алатка за поделба, барем на почетокот, на опозицијата“, вели Ифантис.