Грчкиот долг, без оглед на излезот од програмата за излез од должничката криза, останува многу висок, оценува Ројтерс во анализа, според која „важно е да се запамети дека Атина останува посветена на доверителите кои не успеаја да ја стават грчката економија во одржлива орбита“.

Во анализата се критикуваат одлуките на грчките партнери-доверители и се нагласува дека под сегашните околности и сегашниот момент треба економско чудо за Грција да избега од обврзниците на долгот.

Европејците, инсистирајќи на нивното одбивање да отпишат дел од грчкиот долг  „ќе ја стават Грција во затвор со децении, со доверителите како гарантори“, предупредува Ројтерс во анализата.

Грција денеска „се слави“ завршувањето на програмата за европска помош, со која излезе од една од најголемите кризи во својата историја…

Како членка на еврозоната,во 2010 година, Грција го доби првиот пакет помо, по што следуваа уште два во вкупна вредност од 326 милијарди евра од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд.

Варуфакис: Требаше да н’e оставите да банкротираме

 

SHARE