Романија ќе ги удвои пензиите до 2022 година

Романската влада планира да ги удвои пензиите на земјата до 2022 година. Предвидената шема подразбира 30 милијарди долари годишно за финансирање на пензискиот фонд што, според економистите, може да има силно влијание врз јавните финансии, објави АФП.

Просечната пензија во земјата изнесува 240 евра месечно, а во Романија има околу 5,2 милиони пензионери.

Владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) ќе мора да издвои 11 отсто од бруто-домашниот производ на пензии, во споредба со 6,7 отсто во моментот.

Премиерката Виорика Данчила инсистира на тоа „нема да има проблем“, додека министерот за труд вели дека земјата се потпира на генерирање доволно профит од проектираниот пораст на БДП.

Романија постигна рекорден раст од 6,9 отсто во 2017 година, а владата очекува раст од 5,5 отсто оваа година и 5,7 % – наредната 2019 година.

1 Коментар

  1. За да се “удвојат“ (двојно зголемат) пензиите треба за 50% да се намали бројот на корисници на пензии!
    Ова е феноменално решение, една половина пензионери испратиш кај Свети Петар а на другите им ја зголемиш пензијата.
    Само Зораните или министерката му да не слушнаат за оваа феноменално решение затоа што веднаш ќе почнат со реализација!
    Оваа појава на вакви решенија е подзасилено од пред десетина години, знае ли некој за причините?

Оставете Коментар