Романската мафија во Британија остана без шеф

Британската полиција објави дека го Флорин Гинеа, уапсила еден од најбараните луѓе во Европа, осомничена дека е шеф на организирана романска криминална мрежа.

Романската влада го бара заради организирање на синџир на трговија со луѓе, со кој роамсни државјани биле префрлени во Ирска, Финска и Дубаи за сексуална експлоатација.

Тој, исто така, е обвинет за организирање заговор за убиство на ривал од подземјето.

Судот вчера нареди притвор до следното сослушување на 25 септември и најави дека тој ќе биде  предаден на Романија.

SHARE