Росоклија: Како народ, како Македонци, на сите им служиме за потсмев

Македонскиот професор од престижниот Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, резигнирано ги коментира последните случувања во и околу татковината, со акцент на актуелниот миг во кој се наоѓа македонскиот народ.

„ОД МАЛКУ УМ

Кога љубовта кон Македонија ќе надвладее над омразата која ја имаме едни кон други, за политичките врхушки кои ги поддржуваме да живеат богато врз наш грб, можеби ќе успееме да го спасиме тоа што ќе остане од Македонија.

Достоинството го загубивме.

Како народ, како Македонци, на сите им служиме за подсмев.

Бегството во друг национален идентитет нема да ни го избрише срамот“, порача преку својот профил на „Фејсбук“ членот на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.

 

5 Коментари

  1. Не е точно дека како народ и како Македонци, на сите им служиме за подсмев. Но ти со своите текстови сигурно служиш за подсмев.

    • А ти „еден” оди си во лудница со твојот шеф Заев, патолошки лажго и лице без личен и социјален идентитет и минимум морал, со изразени елементи на биполарно растројство и лудило! Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението, и циклично менување сопственото мислење.
      Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди. С о други Заев е екстремно лабилна личност, без совест и одговорност и со искривено чувство за реалитет.

Оставете Коментар