Росоклија: Меѓународниве проститутки нè третираат како субхумана раса

Жестока критика за односот на меѓународните претставници кон Македонците од својот профил на „Фејсбук“ испрати Горазд Росоклија, професор на Универзитет „Колумбија“ од Њујорк и член на Македонска академија на науки и уметности надвор од работниот состав.

„МЕЃУНАРОДНИВЕ ПРОСТИТУТКИ НАС МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ТРЕТИРААТ КАКО СУБХУМАНА РАСА

Зошто меѓународните проститутки кај нас се однесуваат различно од однесувањето што го имаат во земјите на западната хемисфера и особено различно од нивното однесување дома, во нивната земја?

Зошто толерираат, фаворизираат, штитат и инсталираат криминал и криминалци на лидерски позиции (важи за сите партии, власт и опозиција)?

Зошто толерираат и фаворизираат криминално неаплицирање на законот и нефункционирање на правниот систем?

Постои еден одговор!

Затоа што нас нè сметаат за помалку вредни од нив.
Помалку вредни човечки суштества. Субхумани!

Идеологијата на нацистичка Германија аплицирана врз нас и неколку други во околината“, напиша Росоклија.

 

SHARE