Росоклија му одговори на Заев на прашањето „што да правиме сега“

Македонскиот професор на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, му се обрати на премиерот Зоран Заев преку својот профил на „Фејсбук“, одговарајќи му на прашањето „што да правиме сега“ по признанието дека референдумот е неуспешен.

„ШТО ДА ПРАВИМЕ СЕГА!
(прашува премиерот)

Да му се извините на народот, да почнете да ја зборувате вистината, да ги браните интересите на македонската држава и на луѓето во неа независно од етничката припадност, а тие интереси не се и не можат да бидат идентични со интересите на соседните држави и со НАТО членките.

Некогаш интересите ни се совпаѓаат, почесто не!

Да воспоставите дијалог со Европа, со САД и со светот како партнери, не како покорни субјекти.

За таква политика потребни ви се паметни и способни, а вие сте опкружени со послушни и неспособни“, му пиша Росоклија на Заев.

 

Оставете Коментар