Росоклија: Не постои спор, туку диктат за самоубиство на македонскиот народ

Професорот на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, со кратка и јасна порака на својот профил на „Фејсбук“ за прашањето за разликата за името, како што Резолуцијата на Обединети нации го дефинира проблемот што Грција го има со името на македонската држава.

„Не постои спор и поради тоа нема што да се реши. Постои диктат за самоубиство на еден народ, македонскиот“, напиша членот на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав и светски признат стручњак од областа на истражувањето на невропатологијата и на невроимунологијата.