Росоклија: Нема народ кој знае сѐ, освен Македонците

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС

Нема народ во кој сите знаат сѐ, освен Македонците во Македонија.

Нема земја во која живеењето е пристојно, а во која аматери се бават со политиката на земјата, а нивните партиски војници се на позиции на кои треба да бидат најдобрите во таа професија.

Македонскиот систем на владеење е систем на корупција, колку повисоко во власта, толку поголема корумпираност.

Партиската хиерархија е според принципот на послушност.

Додека една личност дојде до врвот на партијата, што значи и на државата, мал милион пати и ја ,,искршиле“ кичмата. Значи, колку повисоко во партиската и во државната хиерархија, толку посигурен доказ за непоседување карактер. Во секоја партија и на секоја лидерска позиција во секоја институција, без исклучок.

Македонија беше и е земја на политички ,,лидери“ послушници.

Со послушноста некогаш кон Белград, денес кон меѓународните битанги, битанги во односот кон македонскиот народ, си ги заработуваат ,,лидерските“ позиции, а истиот тој меѓународен фактор им дозволува енормно да се збогатуваат, секогаш со криминал. Така ги имаат во шака, да ги стават во затвор во секој момент на нивна евентуална непослушност.

За жал, ,,нашиве“ покорно слушаат и владеат, наизменично.

Резимирано, во една реченица, Македонија е земја на добри и чесни луѓе, но и земја во која секој сегмент на општеството е корумпиран, од премиерската позиција, до последниот општински инспектор, од врвните академски институции до основните училишта и градинките со медиумите на врвот на пирамидата на корумпираност и послушност.

Кога раководството на институцијата е корумпирано и е поддржано од власта која го именувала, а власта е поддржана од меѓународниот кого тотално не го интересира иднината на Македонија, уште помалку иднината на македонскиот народ, како резултат се добива Македонија денес.

5 Коментари

  1. Ова што го кажува Росоклија само за Зорановци може да биде јасно и прецизно, инаку е конфузно и контрадикторно. Што се тоа „аматери“ во политика? Кој тогаш се „професионалци“ во политика? Како може во „земја на добри и чесни луѓе“, сите, од премиер до „последен општински инспектор“, од „врвни академски институции“ до основни училишта и градинки и медиуми, сите да бидат корумпирани ? Како може од еден народ на „добри и чесни луѓе“, сите во власта, во школството (дури и во детските градинки), и во медиумите ДА БИДАТ КОРУМПИРАНИ??? Тие не се дел од тој народ на „добри и чесни луѓе“? Од кај се најдоа во Македонија? Од Марс се паднати?

  2. Се работи за ПРОСТИТУЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ!
    РАСПРОДАЖБА НА ЧЕСТ И ДОСТОИНСТВОТО!
    ДРЖАВНА ПРОСТИТУЦИЈА!!

Оставете Коментар