Росоклија: Сеачи на магла и криминалци

Нова порака од еминентниот професор од американскиот универзитет Колумбија:

Сеачите на магла (власта), на македонскиот народ му ветуваат светла европска иднина додека го водат кон амбис на непостоење.

Итите тие им се закануваат на Македонците со затвор и санкции на работните места доколку го искористат своето демократско право на бојкот.

Која ќе биде разврската?

Македонците ќе го бојкитираат наметнатиот и незаконски реферндум во кој се бара од нив да исчезнат од историјата. Да исчезнеме како народ!

Сеачиве на магла инсталирани како власт ќе завршат во затвор после завршување на нивново криминално владеење и пљачка со која како да сакаат да ги надминат дури и тие пред нив, што се чинеше невозможно.

Која ќе биде разврската ако не го бојкотираме и ако со нашата излезност им овозможиме да го фалсификуваат референдумот?

Се работи за референдум за прифаќање непостоење на македонската нација и за поделба на македонската држава смислен во болните умови надвор од Македонија, референдум кој е во процес на реализација од скромноумна македонска инсталација?

Историски, културен и цивилизациски геноцид врз Македонците.

Не набиваа на колец, ни ги менуваа имињата, Грците ни ги вадеа очите од времето на Самоил до крајот на првата светска војна, на секоја воена парада ни се закануваа дека повторно ќе ни ги вадат, Бугари, Срби, Грци не испраќаа во затвори заради нашето македонство, заради еден збор изговорен на нашиот мајчин јазик.

Откако останавме тоа што сме, Македонци, смислија референдум како параван за национално самоубиство и затворање на ,,македонското прашање“ кое Европа се обидува да го затвори во последните 130 години.

Историски факт е дека идејата за автономна македонска држава добила поддршка од само две земји во два различни историски моменти. Од САД после првата светска војна и од Италија во дваесеттите и триесеттите години од 20-тиот век. Ниту една друга европска земја никогаш не ја поддржала нашата автономија, напротив, за Европа секогаш сме биле територија која е поделена меѓу балканските држави, привремено окупирана од привремено постоечка македонска нација.

Европа така гледа на нас и денес. Ни инсталира сеачи на магла и криминалци како власт и престана било што да ни нуди, ги има нив да го спроведат геноцидот.

Ако го прочитате ,,договорот“ со Грција, ако ги слушате европјаните што зборуваат, како ни се обраќаат, ако видите што конкретно ни даваат, поточно што не ни даваат, ќе сфатите дека Европа воопшто не се труди да не поткупува со ветување, ништо не ни даваат и ништо не ни ветуваат.

НАТО да, ќе не примат, зошто да не, да го пополнуваме буџетот на НАТО од нашата сиромаштија и да гинеме за интересите на НАТО.

Верувам дека ние Македонците не сме народ кој ќе прифати да престане да постои, народ кој ќе прифати да е туѓ на свое, да им робува на туѓинци во земјата кај што се гробовите на неговите дедовци, кај што мајките ги воспитувале синовите да го говорат и негуваат мајчиниот јазик, македонскиот.

Европа и Америка не бришат од постоење како Македонци и ни ветуваат дека како аморфна словенска толпа, ќе имаме подобар живот во воен сојуз во кој ќе гинеме за туѓи интереси и под некое туѓо знаме, а ќе не закопуваат како туѓинци во македонска земја.

Ни ветуваат подобар живот кој таа Европа веќе нема капацитет да им го обезбеди ниту на своите граѓани.

Тоа што го испланирале за нас не е подобар живот, туку територија на која живее национално обезличена словенска толпа, преплавена од бегалци избркани од Европа и од своите домови во северна Африка.

Тоа е планот, а на нас е излегувајќи на референдумот да им помогнеме да го реализираат. Ние ги доведовме на власт и не можеме сега да глумиме жртви, напротив зошто да не бидеме нивни соучесници до самиот крај, нашиот крај?

Така, инсталираните политички лидери ќе станат повеќекратни милионери, а народот ќе добие многу, почнувајќи од духовна и материјална беда, сѐ до врвната добивка, пофалба од европските битанги за нашата ,,прогресивност“, битанги кои не имаат за подсмев заради сѐ што прифаќаме да ни се случува во Македонија.

И можеби како никогаш и ништо досега, сѐ ни е и ќе ни биде заслужено.

SHARE

Comments are closed.