Росоклија: Да не се направи од Македонија „европска депонија“

Loading...

Македонскиот медицински стручњак од светски ранг Горазд Росоклија преку својот профил на „Фејсбук“ реагира по ратификацијата на договорот и се противи, на како што вели, правењето од Македонија „европска депонија“.

„ЕВРОПСКА ДЕПОНИЈА

Македонската трочлена банда, тотално безвредни во нивните досегашни животи, ниту еден од нив макар со локална професионална афирмација, едниот помилуван криминалец, гуската и мочкото цел живот на функции со бенефиции кои ги плаќа Македонецот против чии интереси работат, беспоговорно кон меѓународната и со молскавична брзина го спроведуваат ЕУ-планот за Македонија!

И тој план не е ниту може да биде инкорпорирање на Македонија во Европа, туку е претворање на Македонија во изолирана европска депонија.

Го избришаа македонскиот идентитет, државата ја разградија, а тоа што останува го ставија на милост и немилост на Грција и на Бугарија. Следува промена на етничкиот состав со доселување бегалци главно од северна Африка, кои ќе бидат населени исклучиво во источните делови на Македонија, кај што за нив има стотици празни новоизградени станови, започнаа федерализација која ќе води до поделба на земјата, отвораат рудници на смртта на исток, започнато од ВМРО-ДПМНЕ, егзекутирано од инсталиранава власт…

Практично, Македонија станува европска депонија во која ќе останат и ќе доаѓаат луѓе кои немаат друг избор.

Прекрасна земја на пат да биде уништена од нас самите.

Сѐ што верувавме дека нема да ни се случи, ни се случи, но ние и понатаму одбиваме да веруваме дека ќе ни се случи тоа во што не веруваме.

Ние што сме надвор ја губиме татковината, вие што сте во Македонија губите сѐ“, напиша професорот на Универзотет „Колумбија“ од Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.

 

7 Коментари

  1. Напротив. Македонија до сега беше изолирана европска депонија, далеку од НАТО и ЕУ. Сега доби можност да не биде изолирана, туку да влезе во друштвото на најбогатите и најдемократските земји во светот. До сега беше избришан нашиот идентитет. Не нарекуваа ФИРОМ, а нашиот јазик не го споменуваа како македонски јазик. Со договорот со Грција се потвдува дека ние сме Македонци, а нашиот јазик е македонски јазик. „Помилуваниот криминалец“, „гуската“ и „мочкото“ и` отворија нова перспектива на Македонија – влез во НАТО и ЕУ, а за Македонците добија потврда дека идентитетот ќе остане македонски и јазикот како македонски јазик.

  2. Еве и малце да се насмееме. Смешка оди вака.
    По 48 часа, според Договорот, МНР известува со Нота 190 држави во ООН дека од овој момент ние сме Република Северна Македонија.
    Потоа, Иванов применува контра-акција, бидејќи смета дека спогодбата е НЕЛЕГАЛНА.
    Тој праќа своја Нота до истите 190 држави на ООН во која се вели да писмото од МНР или Влада НЕ ЗИМААТ во предвид и обзир и дека НИЕ сме Република Македонија, повикувајќи и тие други држави што досега не не признале под уставното име ТОА да го сторат и да не признаат под Република Македонија !!!
    Сега се поставува ОЗБИЛНО прашање! Које писмо државите (членките на ООН) да земат во обзир? Да ли оно пратено од МНР и Влада или оно друго писмо од Претседателот на Република Македонија, во кое се вели дека ние сме Република Македонија!

    Во смешките понекогаш има и нешто реално, а и возможно.

Comments are closed.