Росоклија удира в чело: Нè бришат две битанги и една гуска

Loading...

„Македонија ја водат луѓе кои зад себе немаат создадено ништо, апсолутно ништо како македонска вредност“, пишува професорот Горазд Росоклија од њујоршкиот универзитет „Колумбија“, еден од водечките во светот.

Според професорот, и покрај напорите, никој нема да може да го избрише Македонецот:

„Бугарскиве историчари, кои сега ќе ја интерпретираат македонската историја, 100 години не успеваат да се ‘договорат’ со српските кој која битка ја добил, кој ја загубил, кој почнал прв… ниту со Грците кој врз кого направил геноцид, од царевите Борис и Симеон, преку Василиј Втори до Калојан и балканските војни.

Но, заради умот на неумните кои ни ги инсталираа, истите тие историчари ќе водат разговори со исто толку умни од ‘наша’ страна за нашата македонска историја или можеби разговори за нивната историја, или како што на сите ни се чини ќе имаме диктат како ние Македонците да ја интерпретираме историјата? Сопствената историја!

Бидејќи ‘нашиот’ или ‘вашиот’, кого вие го биравте, не ние (дијаспората), нема црвени линии во неговото циркузантско или, според некои тамошни аналитичари, ‘глобалистичко’ сфаќање на светот, применето исклучиво во Македонија и исклучиво врз Македонците, ќе бидеме првата и верувам последната земја чија историја ја пишуваат луѓе кои го негираат нејзиното право на постоење.

Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден, а роден сум од родители Македонци во срцето на Скопје, главниот град на Македонија, дека јас национално не сум тоа што сум, Македонец, туку дека сум Бугарин, затоа што Гоце, Даме, Јане… се чувствувале македонски Бугари.

Тоа е исто како на Американците да им кажете дека не се Американци, туку се Британци, затоа што Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и компанија, татковците на нацијата, биле и се чувствувале како Британци.

Да, биле Британци, но нивните акции довеле до создавање американска нација која нема намера да се враќа на ‘своите корени’ и Американците да стануваат Британци.

Идејата и борбата на Гоце, Даме, Јане… за автономна Македонија, генерациите по нив ја реализирале создавајќи не автономна, туку самостојна Македонија, а ние продолживме на таа самостојна Македонија да ѝ ја создаваме историјата како Македонци, не како Бугари.

Денес две битанги и една лигава, приглупа, а наакана гуска, кои во нивните животи освен пљачка, лигавење, слугување и одење од функција на функција и скап живот врз грбот на од нив осиромашениот Македонец не направиле ништо друго, ништо за Македонија и за Македонецот, ќе го бришат тој Македонец, сите нас, од постоење и ќе нè лишат од имањето своја држава?

Знаеме дека ќе потпишат сѐ, но знаеме и дека тоа сѐ ние ќе го избришеме, нема да им дозволиме тие нас да нè избришат“.

 

8 Коментари

  1. Абе Росоклија, ќе не` избришат или нема да не` избришат? Ќе престанеме ли да постоиме и ќе ја изгубиме ли државата? Ако не` избришат, ако престанеме да постоиме и ја изгубиме државата, како тоа ќе го избришеме тоа што ќе не` избришат? А ако нема да им дозволиме „тие нас да не` избришат“, како ќе не` избришат? Затоа дај, одлучи се. Ќе не` избришат или нема да не` избришат.

  2. Што може да се мисли. Како може некој да „не` избрише“. Како може „да не` брише од постоиење“, да не` „лишат од имањето на своја држава“. Дали е можно такво нешто освен физички да не` уништат.

    • Pa nema da ne unistat odednas. Za primer. Kolku makedonci imalo vo Bugarija po popis posle II SV a kolku ima ima sega. Site komsii ke ni ja pisuvaat istorijata i jasno e sto ke se sluci. Dali ke mozes tvoite vnuci da gi ubedis deka se Makedonci?

  3. А колку Македонци имало пред Втората светска војна? Во пописите до Втората св. војна немало Македонци. Никогаш до 1943 год. ние не сме биле признаени како посебен народ – Македонци. Од нашето доаѓање на Балканот во почетокот на 7-ми век, никогаш до 1943 год. не сме имале своја држава. И додека нашите соседи имале свои држави уште пред доаѓањето на Турците, нашите предци не успеале да формираат своја, но успеале да го сочуваат својот идентитет. Ако 12-13 векови сме живееле непризнаени, без име, идентитет, без држава, под туѓа власт и во туѓи држави и сме успеале да опстанеме, како сега кога сме признаени како посебен народ, кога имаме сопствена држава (со сите обележја), ќе не снема и ќе престанеме да постоиме? Инаку, никого не можеш да убедиш дека е Македонец или било што друго. Ако некој не се чувствува како Македонец, како ќе го убедиш дека е? Така и нашите во Бугарија или Грција (од различни причини). А и во Македонија не се чувствуваат сите како Македонци. Но овде, во Македонија, никој не може нас кои се чувствуваме како Македонци, на нити еден начин да направи да престанеме да се чувствуваме како Македонци. Освен, како што реков, ако не не` убијат сите до еден.

  4. Браво Росоклија! Тие се луѓе без личен морал и достоинството, со редефинирани етички вредности!

  5. Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постоји решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 134 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име. Нема потреба од компромис! Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија! Со излегување од рамката на рез. 817, и од рамката на Времената Спогодба, Грција веќе изврши дерогирање на овие документи. Целата меѓународна правна наука покажа дека Постоји решение со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН!

Comments are closed.