Росоклија за неговата ,,ЗА” генерација

Професорот на универзитетот Колумбија Горазд Росоклија пишува за “МОЈАТА ,,ЗА“ ГЕНЕРАЦИЈА”:

Генерација израсната без национално и лично самочувство.

Генерација која ќе се испотепаше да зборува јазик кој не го знае, српскиот.

Генерација која беше уплашена или засрамена да каже дека се Македонци, прво беа Југословени, па ако мораат беа и Македонци.

Генерација која македонската држава ја доживуваше како подарок кој Србија ни го дала.

Генерација за која најголемиот комплимент беше ако некој Србин, Хрват, Словенец ги потапка по рамо и им рече дека не личат на Македонци.

Генерација која никогаш не ги осозна своите корени, а кога не знаеш од каде доаѓаш, не знаеш ниту кој си.

Тоа е мојата генерација која ве воспита вас и овие што во име на сите нас се откажуваат од постоење на македонска држава и македонска нација.

1 Коментар

  1. СДСМ води кампањата во која се обидува да докаже дека идејата на И.Ј. “не функционира” оти имаме две рез. на СБ на ООН, имено 817 и 845, со која сме демек “блокирани во ОН” и демек мораме да постигнеме “неизбежен компромис”. Спогодбата за името идентитет “мора да има”!
    Ова теза на СДСМ не заслужува дискусија.
    Потпиши и сподели одговор на тезите од типот “блокирани во СБ” со демек “обврската да направиме компромис”, потпиши:
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un
    Втората теза на СДСМ е дека проблемот е “политички” и дека рез. 817 е “претпазливо формулирана” од експертите на ООН!!???.
    Ваквите глупости не заслужуваат одговор.

Оставете Коментар