Рововска битка во уставната комисијата на Собранието

Ниту еден пратеник на опозицијата во собраниската уставна комисија не и даде надеж на власта дека ќе дојде до посакуваните 80 гласови и двотретинско мнозинатво.

На расправата во Комисијата за уставни прашања во однос на предлогот од Владата на Република Македонија, 10 пратеници од владеачката коалиција ги поддржаа предлозите за пристапување кон менување на Уставот, додека дитр седум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека се против. На гласањето немаше ниту еден воздржан.

Во понеделник, расправата од комисијата за уставни прашања се префрла на пленарна седница на Собранието, каде што дефинитивно ќе се знае дали власта има обезбедено двотретинско мнозинство или ќе се пристапи кон распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени избори.

SHARE