Румен Петков: Македонија да не посегнува по бугарската историја

„Амбасадорот на Македонија треба веднаш да биде повикан во Министерството за надворешни работи и да му се каже дека се прекршува договорот за добрососедство“, вели Румен Петков претседател на  партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ).

Петков бара  преговори на највисоко ниво, за да се изјави институционално дека непризнавањето на бугарското учество во Илинденско-Преображенското востание е посегнување по бугарската историја и дека во перспектива, тоа  е предуслов за територијални претензии.

Според него континуираното занемарување на бугарската историја од страна на Македонија ќе ѝ даде полно право на Бугарија да го стави под прашање преговарачкиот процес за приемот на Македонија во Европската унија и во НАТО.

Тој потсети дека неговата партија и минатата година алармирала дека премиерот и претседателот на парламентот на Македонија цинично се однесувале кон бугарската историја.

„За нив нема ИлинденскоПреобрашенско востание, туку само Илинденско, во кое учествувале Македонци, Турци, Грци, Албанци, Власи. Но, не и Бугарите. Тогаш сите политички партии и државни институции молчеа“..

Петков бара егашниот состав на заедничката Комисија за договорот за добрососедство со Македонија треба да биде заменет со луѓе кои имаат објективно однос кон историјата, патриоти, луѓе кои ќе се борат за бугарскиот национален интерес.

Тој смета дека направена е исклучително голема грешка што „ Бугарија не се вклучи во разговорите со Македонија за името на државата, туку разговорите беа само меѓу Грција и Македонија. Кога излезе втората варијанта – со Северна Македонија, ние предупредивме дека тоа е предуслов за посегање по нашата историја и идни територијални претензии “.