Румен Петков лидер на бугарската АБВ партија во врска со евроатлантските изгледи на Македонија и за односите со Бугарија вели дека името „Северна Македонија’ било понижување за „Пиринскиот регион“.

„Единствено АБВ уште минатата година во почетокот на август алармираше по прославата на Илинденското востание, дека македонскиот премиер и претседателот на парламентот на Македонија многу грубо и цинично ја погазил нашата заедничка историја – спомнаа 6 нации, кои учествувале во востанието , но не ги спомнаа Бугарите. Тогаш алармирав дека вакво подбивање со историската вистина е целосно во спротивност на бугарската држава, на националното достоинство и на илјадниците масакрирани Бугари за слободата на оваа наша соседна и многу блиска територија, блиска во секоја смисла на зборот“, пренесува бугарската агенција „Фокус“.

Тој потсети дека неговата партија реагирала и на предлогот Илинденска Македонија а сега се противат на договореното со Грција, Република Северна Македонија.

„Северна Македонија, исто така е посегнување по нашата историја и барање за територијални претензии. Пиринска Македонија каде е, Благоевградска област каде е, не е ли тоа Северна Македонија. И ние реагиравме остро и одржавме средба со премиерот. По оваа средба ќе спроведеме и средба со Комисијата за надворешна политика во Собранието, бидејќи за жал сите парламентарни партии го поддржаа во една или друга степен името Северна Македонија без да сфататт дека ова е понижување за целиот Пирински крај“ вели Румен Петков .

1 Коментар

  1. ВНИМАНИЕ! Според меѓународното право, името на државата не може да се поврзува со историјата на која било држава, ниту врз основа на различни толкувања на историјата да се бара промена на правниот идентитет (ИМЕТО) на еден меѓународно-правен субјект! Ниту една држава/членка на ООН нема монопол врз толкувањето на историјата, ниту ваквите толкувања можат да се употребуваат за побарувања на чија било територијата. Правниот идентитет НЕ Е ПВРЗАН СО ИСТОТИЈАТА!
    Натаму, според меѓународното право, очигледно е дека името на регионот или град нема, ниту креира правни обврски или забрани за имиња на држави, бидејќи државите се МЕЃУНАРТОДНО ПРАВНИ ЛИЦА (СУБЈЕКТИ), а региони и градови НЕ се субјекти на Меѓународното јавно право,
    а покрај тоа ДРЖАВИТЕ НЕМААТ ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВА НА ИМИЊА!!!
    (За ООН е релевантно само дека другата земја веке нема исто име во ООН.)

    Но битно, што НЕ РАЗБИРААТ кај нас е дека : СПОРОВИТЕ ЗА ДРЖАВНИ ИМИЊА НЕ МОЖААТ ДА ПОСТОЈАТ, од што пр. произлегува дека тнр. „разликата” и “преговарање” (обврска за преговори, подефиниција= ПРЕГОВОРИ) за името се БЕСПРЕДМЕТНИ!

    Правен Факултет и правната наука ми се чини во Македонија НЕ ПОСТОЈАТ, барем кога станува збор за оние професори кои сметаат ДЕКА ГРЦИТЕ ИМААТ “ЛЕГИТИМНИ БАРАЊА”!
    (Тие професори дури не знаат ниту дека од 1993 г. немаме “разговори за името”, ова што имаме не се „talks”, туку ПРЕГОВОРИ! те. Negotiations). 27. години слушаме за термин РЕФЕРЕНЦАТА, а никогаш од врвните лице на слушнав дека го употребуваат термин кои би требало јасно да го искаже целиот апсурд со резолуцијата 817. : ДЕНОМИНАЦИЈА ! ! Имено, ние во ООН имаме ДЕНОМИНАЦИЈАТА (мк. превод: ПРЕКРСТУВАЊЕ). Од самиот почеток со рез. 817, а потоа и со 47/225 нелегално од ОН се врши проблематизирање на НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ, преку името. Потоа, ова наставува и со рез. 845 на СБ на ОН, во која се ургира да се настави со надминувањето на „разликата”.
    (Мојот став за надминување на ова ситуација е презентиран овде: https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un , односно она што треба да се направи е објавено во American Journal of International Law)

Оставете Коментар