Румен Радев во Ново Село ќе се поклони на хероите кои умреле за Бугарија

Loading...

Бугарски медиуми денеска информираат дека претседателите на Бугарија и на Македонија, Румен Радев и  Ѓорге Иванов, ќе им одадат почит на „хероите од 11 Македонска дивизија и загинатите бугарски војници во Балканската, меѓусојузничката и Првата светска војна“, на воениот меморијал во Ново Село.

Денеска се одбележува „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

Церемонијата на воените гробишта, обновена по иницијатива и со средства на Фондацијата „Бугарска памет“, како што пренесуваат медиуми, ќе ги собере на едно место претставниците на државната власт, јавни личности и граѓани од двете соседни земји. На денот на храброста и празник на бугарската армија, ќе биде отслужена молитва во чест на загинатите воини од 11 Македонска дивизија, а во ритуалот ќе се вклучат свештеници од двете држави.

Споменикот во Ново Село, каде се погребани 71 бугарски војници, е откриен во 2006 година, на местото на напуштени воени гробишта, каде е изграден заеднички споменик од камен со издлабен крст за храброст и натпис “Бугаријо, тие умреа за тебе“, пишува агенцијата БГНЕС .

Дел од медиумите во Македонија вчера пишуваа дека официјалната средба на Иванов и Радев е закажана за денеска во Дојран, а не во Ново Село.

 

1 Коментар

  1. […] Врабевски и неговата Фондација стои и зад обнвената традиција да се оддава почит на агинатите бугарски војници под Првата светска војна во Ново село, каде годинава беше одбележан Денот на бугарската армија на која присуствуваше и буг… […]

Comments are closed.