Русија нема да купува јаболка, туку – садници

Русија е најголемиот увозник на јаболка во светот, бидејќи локалните сорти полесно да се расипуваат од оние кои растат во Европа или Кина,а  и на клиентите често го преферираат вкусот на увезеното овошје.

Сега во близина на Кавказ расте голем овоштарник со најпознатите сорти.

„Одлучивме да ја користиме најновата технологија за садење садници, сфативме дека, за жал, националните истражувања во оваа област заостануваат зад водечките европски и светски трендови“, изјави Олег Манолов, кој раководи со овоштарникот.

Се повеќе и повеќе, Русија „го краде“ принципот на ноу хау, со цел да го прошири својот земјоделски капацитет.

Оваа стратегија помогна пченицата и јачменот да бидат главните производи. Но, потрошувачите се уште се потпираат на увоз на млеко, овошје и зеленчук.

Земјоделците сега се ориентираат на увоз на подобро семе, опрема за оранжерии, па дури и крави.

Инвестициите во земјоделството достигнаа 374,7 милијарди рубли (6,6 милијарди долари) во 2017 година, покажуваат владините податоци.

Оставете Коментар