Русија протерува грчки дипломати

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повика грчкиот амбасадор Андреас Фриганас во Москва и му предаде дипломатска нота, информирајќи го за „мерките што ги презема руската страна“.

Во изјавата не се именувани грчките дипломати што Москва ги протерува ниту пак кога тие ќе бидат замолени да заминат, пишува „Катимерини“.

Грција во јули објави дека протерува двајца руски дипломати и им забранила на двајца други  влез во земјата поради обид да поткупат функционери и да поттикнат демонстрации за да спречат договор со кој би можел да ѝ се дозволи на поранешната југословенска Република Македонија да влезе во НАТО.

Рускиот МНР, Сергеј Лавров го нарече грчкиот потег неоправдан и предупреди на последици, по што неговиот грчки колега Никос Коѕијас побара Москва да престане да се меша во внатрешните работи на Грција.

SHARE