Постојаниот претставник на Русија во Европска унија, Владимир Чижов, се осврна на негативните последици од можниот влез на Македонија во НАТО, велејќи дека секоја земја има право на одлука и да згреши притоа, само што грешките имаат последици.

„Се разбира, ние нема да фрламе нуклеарни бомби… Како што реков, секоја држава има право да донесува одлуки и да прави свои грешки. Меѓутоа, постојат грешки што имаат последици“, изјави тој.

Според Чижов, Русија не е против ширењето на ЕУ, но ширењто на НАТО е „нешто друго“.

„Тоа е во суштина обид на заканите и на предизвиците на 21. век да им се даде отпор со срдства од 20. век“, дополни тој.