Русија задржа украински бродови, Киев разгледува воена состојба!

Односите меѓу Русија и Украина дополнително се влошија по денешниот инцидент во Керчки теснец кај полуостровот Крим, кога три украински брода беа задржани со употреба на сила, па Киев ја разгледува можноста за воведување воена состојба.

„Украинските бродови ‘Бердјанск’, ‘Никопол’ и ‘Јани Капу’, кои ја пресекоа границата со Русија, задржани се и против нив е употребено оружје“, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), додавајќи дека при тоа се ранети тројца украински војници.

Во соопштението се додава дека украинските бродови, кои ја следеле украинската морнарица, се задржани во територијалните води на Русија, а на повредените војници им е дадена потребната медицинска помош и тие се наоѓаат надвор од животна опасност. Против нив е покрената тужба за нарушување на државната граница на Руска Федерација.

ФСБ потсетува и дека Украина е многу добро запознаена со процедурата за поминување воени бродови низ територијалните води на Русија и низ Керчки мореуз, а таквата процедура е користена и при поминувањето на комерцијални бродови.

Украина одговори со свикување итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на полноќ по локално време.

„Предлагам да одржиме заседание за да воведеме режим на воена состојба“, изјави секретарот на Советот, Александар Турчинов.

Реагираа и НАТО, и Европска унија, барајќи воздржаност од двете страни и намалување на тензиите.

Во меѓувреме, Русија го затвори пристапот кон теснецот меѓу Црно Море и Азовско Море, а над Кримски мост летаат руски воени авиони „Су-25“.

 

SHARE

1 Коментар

  1. ОВИЕ НАСТАНИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ВРЕМЕ КОГА ВО МАКЕДОНИЈА ХУНТАТА САКА НА НЕУСТАВЕН НАЧИН ДА СМЕНИ ИМЕТО ..А МНОГУМИНА ОД НАС МАКЕДОНЦИТЕ ОЧЕКУВААТ РУСИЈА И КИНА ДА ЈА БЛОКИРА ПРОМЕНАТАНА ИМЕТО ВН ..СЕГА РУСИЈА Е ЗАФАТЕНА СО СВОИ РОБЛЕМИ ,А НОВОТО ИМЕ НА МАЛА ВРАТА ДА БИДЕ ЗАПИШАНО ВО ОН ,….СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОВА ШТО ГО МИСЛАМ НЕМА ДА БИДЕ ВИСТИНА ТУКУ САМО МОЈА ПАРАНОЈА И СТРАВ

Оставете Коментар