Писателот и режисер Александар Русјаков го коментира антологискиот настап на Зоран Заев во кампањата за референдумот, кога рече дека „ни треба камшикар, ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да не потсреди, сите, од мене на чело па надолу сите“.

„Да беше Заев добар човек, можеше да биде нашиот Форест Гамп“, напиша Русјаков на својот профил на „Фејсбук“, мислејќи на главниот лик од истоимената американска комедија од 1994 година, кој го толкува Том Хенкс.

Од неговата последна понуда на социјалната мрежа уште две пораки:

„Еве и јас да повикам…
Секој нека си бојкотира како сака“.

„Весели ЗАЕВанции:
Со влез во ЕУ и НАТО, Северна Македонија ќе биде толку богата што Бугарија конечно нема да биде најсиромашна членка на Унијата, што, пак, е уште еден знак на добрососедство“.

 

SHARE

Comments are closed.