Режисерот и писател Александар Русјаков оценува дека е добро што до референдумот „ќе испливаат многу ‘камбовци’ на површина“, мислејќи на експретседателот на МАНУ, Владо Камбовски и неговата изјава дека организирањето бојкот на плебисцитот е казниво дело.

„До 30 септември ќе испливаат многу ‘камбовци’ на површината. Што не е така лошо. Да се види кој е Македонец, а кои се ‘звезде гранта’. И нормално, затвораш нос, ама држиш отворени очи. И бојкотираш велепредавство“, напиша Русјаков на својот профил на „Фејсбук“.

 

Оставете Коментар