Русјаков: Кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО и осиромашениот ураниум ќе се збогати

Писателот и режисер Александар Русјаков со саркастичен коментар по демантот од министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека на воениот полигон Криволак ќе се користи осиромашен ураниум.

„Факти за договорот: Кога ќе влеземе во ЕУ и во НАТО и осиромашниот ураниум ќе се збогати“, напиша Русјаков на својот профил на „Фејсбук“, користејќи го насловот на владината кампања за референдумот.

„Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО“, порача вчера Шекеринска исто така преку „Фејсбук“.

Воздухопловните единици на американската армија вчера ја одржаа првата вежба Криволак.

 

1 Коментар

  1. А што ќе правиш ти кога ќе влеземе во НАТО и ЕУ? Кој тогаш ќе ги чита и верува во твоите глупости?

Comments are closed.