Русјаков: Северна Македонија за мене ќе биде окупаторска држава

Писателот и режисер Александар Русјаков не го прифаќа името Северна Македонија, за кое се шпекулира дека е фаворит за ново обраќање кон македонската држава.

„Да ви повторам, Северна Македонија за мене ќе биде окупаторска држава, а лајномакедонците во неа фашистички окупатори. Нема да признавам закон, полиција и суд“, порача Русјаков преку својот профил на „Фејсбук“.

И претходната негова објава се однесува на името: „Интелектуалната бижутерија лајномакедонци гледам нешто радосни. И горно, и северно, и ново, лајното си е лајно. Злорадоста во грло ќе ви залетне“.