Руската православна црква објави дека ги прекинува врските со Цариградската патријаршија  по жестокиот спор околу плановите за признавање на украинсската црква, јави РТ.

Прекин на  врските дојде откако вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој де факто е поглавар на 300 милиони христијани на православната црква, поддржа осамостојување на украинската црква во што претставува удар за авторитетот и престижот на Москва.

Пред одлуката, патријархот Вартоломеј испрати двајца претставници во Украина овој месец, предизвикувајќи бес во Русија, „каде што рускиот претседател Владимир Путин продолжува да ја гледа Украина како дел од поголема Русија“ пишува „Телеграф“.