Ендрју Корибко, политички аналитичар, новинар и член на Совет на експерти при Институт за стратешки студии и предвидувања на Руски универзитет за пријателство на народите, во детална анализа опишува што ќе се случува со Македонија и со Македонците, според него, со спроведување на договорот Заев-Ципрас.
„Тешкото предупредување на Џорџ Орвел за ‘политички коректна’ полициска држава ќе стане реалност во Република Македонија ако земјата го спроведе неодамна потпишаниот договор со Грција, бидејќи има многу одредби во тој документ што го обврзуваат Скопје да ја потисне слободата на говорот на своите граѓани под заканата за потенцијално изложување на целата земја пред ОН и/или Меѓународниот суд на правдата, а згора на тоа, Атина ќе има овластување заеднички да одреди што ќе учат македонските деца во училиште, како и кои ‘политички неточни’ изрази и концепти треба да бидат забранети од властите.
Нема ‘љубезен’ начин да се формулира ова – Република Македонија е на работ да стане ‘политички коректна’ полициска држава ако капитулира пред либерал-глобалистите и нивните регионални грчки посредници. Без оглед на личното гледиште за легитимноста на уставното име на земјата и користењето од нејзиниот народ на придавката македонски за опишување на неговиот идентитет, историја, култура и јазик, без сомнение невиден тоталитарен чекор е за странска влада да ја наметне својата ‘политичка коректност’ врз друга земја, што претставува ништо друго освен постмодерна окупација на она што би требало да биде суверена држава.
Ова не е хиперболичен страв, како што некои критичари би можеле реактивно да обвинуваат дека е или, бидејќи неодамна објавениот текст на самиот договор докажува дека претходните тврдења на авторот за Република Македонија се темел за нов социо-политички експеримент за да се усоврши уништувањето на идентитетот од либерално-глобалистичката елита беа точни“, пишува Корибко.
Откако подробно ги анализира сите стапици и отворени закани за Македонија член по член од договорот, рускиот аналитичар заклучува дека на земјата и на нејзиниот народ не им се пишува ништо добро со неговата имплементација.
„Контроверзниот договор за името не е ништо повеќе од начин за претворање на Република Македонија во постмодернистички протекторат на Грција, со намера да експериментира на своите луѓе како лабораториски стаорци со цел да се усоврши оружениот модел што либерално-глобалистичките елити би можеле потоа да го промовираат насекаде низ ЕУ, со систематско бришење на секој од националните идентитети на своите земји-членки. Три одделни, но меѓусебно поврзани институции имаат задача истовремено да ја спроведуваат оваа политика и да управуваат со окупацијата, при што нивната орвелијанска власт ќе се спроведува од грчки обучени специјални сили, војници и полицајци (што може дури да доведе и до директна интервенција на грчките сили во ‘вежби за обука во живо’ против македонските граѓани).
Иднината е помрачна од кога и да е за Македонците, бидејќи наскоро ќе им биде забрането јавно да изразуваат какви било патриотски чувства, без разлика дали во реалниот живот или на интернет, вклучувајќи го и спомнувањето на историјата на нивните семејства во Егејска Македонија, за која властите имплицитно се согласуваат преку нивната соработката во создавањето на овој договор дека е и секогаш била хеленистичка и населена исклучиво од Грци уште од антиката до денешен ден. Исто така, неизбежно е дека Заев ќе заврши со забрана на Светски македонски конгрес и ќе ги затвора неговите членови поради промовирање форми на македонски патриотизам што наскоро ќе биде потиснати од државата. Покрај тоа, претставниците на патриотското граѓанско општество од висок профил во земјата можеби ќе бидат замолчени под закана со затвор доколку се осмелат да им се спротивстават на овие драконски ‘политички коректни’ мерки.
Доколку македонската влада некогаш во иднина (на пример, по мирна и демократска популистичко-патриотска револуција) одбие да спроведе кој било аспект од овој договор и почне да ги ослободува своите институции од грчката постмодерна окупација, тогаш Атина веднаш ќе ја изведе пред Обединети нации и брзо ќе покрене спор против неа во Меѓународниот суд на правдата, правејќи сè што може за да лобира за санкции против државата без излез на море, со цел да го осуети моментот кога таа ќе почне да прави нешто за да се ослободи од либералните глобалисти. Имплементацијата на договорот за името, според тоа, ќе ги осуди Македонија и нејзиниот народ на вечно малтретирање и неизбежно ќе доведе до бришење на нивниот идентитет, што претставува криза од егзистенцијални размери“, заклучува Корибко.