Руски гас преку „Турски тек“ ќе влезе во Бугарија и во ЕУ

Бојко Борисов и Владимир Путин се согласија да го продолжат гасоводот „Турски тек“ низ Бугарија, соопштија двајцата претседатели на заедничката прес-конференција во Москва.

„Турски тек“ влегува на територијата на Бугарија, рече Борисов, пренесоа бугарски медиуми.

„Мислам дека водевме многу корисен и прагматичен разговор… Претседателот Путин не увери дека разговарал вчера со турскиот претседател и немаат ништо против (гасоводот) да влезе во Бугарија“ , рече бугарскиот премиер.

Тој, исто така, рече дека сите прашања што Русија и Бугарија ги разгледале околу гасот беа одобрени од Европската комисија.

Путин, од своја страна, рече дека прашањето за пренос на гас опреку „Турскио тек“ во Европа преку Бугарија  „се разработува во пракктика со Турција и со Бугарија.

ТАСС објави дека „Русија и Турција се подготвени да продолжат со ‘Турски тек’ во Бугарија“.

Да потсетиме, во декември 2014 година беше прекината реализацијата на проектот „Јужен тек“, а рускиот претседател Владимир Путин и директорот на „Газпром“ Александар Милер објавија дека проектот нема да се реализира и ја обвинија Европската унија дека намерно ја блокирала реализацијата на гасоводот.

Македонската влада кон крајот на јули 2013 година потпиша договор со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот „Јужен тек“. Претставниците на извршната власт тогаш изјавија дека со потегот е обезбедена енергетска иднина на земјата.