Рускиот Грк што го уриваше македонскиот референдум под заштита на Ципрас

Грчкиот Русин или Рускиот Грк Иван Савидис кој од страна на македонскиот премиер беше посочен како организатор и финансиер на групи кои со насилство требаше да го урнат референдумот за името не сноси никакви последици за своите активности во Грција.

Иако во операцијата за која зборуваше и премиерот Заев од грчка страна беа протерани најмалку двајца руски диполомати на рускиот тајкун не му фали влакно од главата, тој и понатаму раководи без проблем со стратешки важното Солунско пристаниште и го менаџира фудбалскиот клуб ПАОК од Солун.

Недопирливоста на Савидис е уште почудна ако се земе предвид дека информациите за активностите на Савидис до премиерот Ципрас дошле од американски извори. Ова го објавувува бриселскиот сајт Нова Европа која го цитира американскиот весник Њујорк Тајмс.

Според Нова Европа на 9 октомври било потврдено дека американски извори уште во јули му предале информации на грчкиот премиер Ципрас за двајцата руски дипломати кои што подоцна беа протерани а беше замрзнат имот на неколку други.

Притоа против Савидис кој според Заев бил дел од обид за манипулација на истата тема за која беа протерани руските дипломати, не се преземени никакви мерки од страна на грчката држава.

Савидис важи за близок човек на грлкиот државен врв, премиерот Ципрас и вицепремиерот Каменос.

Дел од грчките набљудувачи не исклучуваат врска меѓу предлогот на Каменос за План Б и Савидис кој е дел од руската Дума од Ростов на Дон како член на партијата на Путин, Единствена Русија.

Савидис односно пристаништето Солун предходно најави отворање на неколку регионални центри преку кои што кон Европа треба да се дистрибуира стоката, главно кинеска, која доаѓа во Солун со бродови.

Досега грчката влада или медиуми не објавија дека против Савидис е преземена било каква мерка за истрага или кривично гонење.

SHARE

Comments are closed.