Руските служби го чуваат Вида, фудбалерот што ја елиминира „Зборнаја“

Домагој Вида, фудбалерот на Хрватска, кој два пати даде голови со кои неговиот тим ја елиминира Русија на Светското првенство, е под посебна заштита на руските тајни служби.

Причината е во неговото видео снимено со колегата Вукојевиќ, со кое тој победата против Русија ѝ ја посветува на Украина и Динамо Киев.

Руските власти се плашат дека руски националисти или ултраси би можеле да извршат одмазднички напад кон Вида.

Вида до оваа сезона шест години играше за украинскиот шампион Динамо Киев.

Според Вида, видеото е шега.

 

Оставете Коментар