„Референдумот е историски момент за државата, можеби најзачање по референдумот за независност.

Сметам дека во иднина во Македонија времето ќе се мери како пред и по референдумот, европските и атлантските перспективи се отвораат и затоа комесарот Хан ја упати таа порака од Драч“, вели поранешниот амбасадаор на НАТО, Нано Ружин, во изјава за Канал 5.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, вчера на маргините на состанокот на премиерите од Западен Балкан во албанскиот град Драч, порача дека македонските граѓани треба да решат дали ќе се интегрираат во ЕУ или пак ќе се вратат во изолација.

Неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан заврши синоќа без присуство на шефовите на владите на Србија, Босна и Херцеговина и на Македонија.

SHARE

Comments are closed.